Ако имате проблем во љубовните односи, можеби ова истражување одговара на прашањето што ве мачи. Во последно време, врските и машко – женските односи станаа сè покомплицирани.
Научниците од универзитетот Харвард спроведоа мал експеримент и дојдоа до следните заклучоци. Иако им е полесно да го привлечат вниманието на спротивниот пол и да започнат врска, кај убавите луѓе, проблемот се појавува кога е потребно да се одржат овие врски.
Истражувањето го водеше Кристина Мекеланс и еве како таа ја објаснува оваа појава. Резултатите се изненадувачки.
„Колку е поубава личноста, толку е потешко да го задржат својот партнер покрај себе. Секој кој е убав знае дека има повеќе опции и многумина ќе сакаат да бидат со него“, објаснува таа. Врските со луѓето што сметаат дека се привлечни се подложни на ризик. За атрактивните лица се смета дека се на мета на многу додворувачи и се потенцијално опасни за врската.
„Кога некој има повеќе алтернативи, неговиот фокус не е на долгорочна врска и работењето на неа“, заклучува Кристин.
извор:попара.мк