Љубов и Секс

Паралелни врски: Дали може да сакаш двајца истовремено?

Паралелни врски: Дали може да сакаш двајца истовремено?
Повеќето луѓе не можат да се оттарасат од чувството на љубомора дури и кога се трудат да не бидат сомничави во врската.

Експертите тврдат дека луѓето кои се полиаморни, односно имаат повеќе од еден партнер, се единствените кои немаат проблем со тоа.

Докторката Елизабет Шеф, експерт за љубовни односи и тренер за личен развој, вели дека лицата кои одржуваат повеќе врски истовремено речиси никогаш не чувтвуваат љубомора.

Тие се имуни на „зеленоокото чудовиште“ и тврдат дека единствено им е важно да поминуваат квалитетно време со партнерот кога се заедно, а сѐ друго им е небитно.

Врз основа на неколкудецениското истражување што го водела, Шеф сфатила дека љубомората се развива од неколку причини, а посесивноста и несигурноста се само дел од нив.

 

Полиаморијата се дефинира како желба за интимна врска со повеќе од еден партнер, со согласност и знаење од сите партнери.

Луѓето кои се склони на паралелни врски со повеќе партнери сметаат дека не е никаков проблем да сакате повеќе од една личност истовремено.

Има луѓе кои се против ваквиот концепт, но експертите се согласуваат дека е возможно.

Шеф тврди дека таквата љубов функционира во семејствата и меѓу пријателите.

Кога ваквиот тип на љубов ќе го ставиме во контекст на партнерските односи, многумина се скептични, но експертите тврдат дека е возможно.

Извор:Кајгана.ком

To top