Оргазам во сон? Дали е вистинско сексуално задоволство или само илузија? На ова прашање одговара секс терапевтката Анабел Најт.
Женскиот оргазам во сон физиолошки е сличен со мокрењето при спиење.
Најчесто се случува кога жената има многу живописни и речиси реалистични соништа.
„Стручното мислење е дека 40% од жените доживеале оргазам во сон, додека одредени истражувања покажуваат дека тоа ѝ се има случено на секоја жена. Само некои се свесни за тоа, а некои не, додека други воопшто не можат да го препознаат“, вели Најт.
Оваа појава е проследена со еротски соништа, кога жената сонува некаква секс фантазија.
Интересен е фактот дека ако лежите на стомак полесно ќе доживеете оргазам во сонот, во споредба со спиењето на грб или на страна.
„Ако не сте го искусиле, најверојатно само не се сеќавате. Физиолошки, секоја жена е предодредена за овој тип на оргазам. Значи постои. Некои терапевти го викаат ‘сонгазам’. Исто така, ова почесто им се случува на жени во 40-тите години отколку на млади девојки“, истакнува Најт и додава дека оргазмот во сон се случува исто како и оној на јаве, се лачат истите хормони и се грчи истата група мускули.
Извор:Кајгана.мк