Преголемите очекувања на работа и постојаниот притисок имаат големо влијание на проблемите типични за триесеттите години. Затоа, на време треба да ги запрете лошите мисли и да поставите приоритети.
Се наоѓате во најдобрите години и веројатно до вас е партнер кој ве сака и сака заедно да го поминувате времето. Но веќе некое време забележувате дека не е сѐ како порано. Партнерот, или партнерката, често се жали на умор или нема волја за ништо. Посебно доколку ги видите доцна навечер додека сѐ уште гледаат телевизија, време е да ги гушнете и да ги прашате што ги мачи. Можно е да се исцрпени од секојдневните ситници што прават дури и да заборават да ве бакнат кога ќе тргнат на работа.
Понекогаш, таквите симптоми се нарекуваат криза на средните години, на којашто најчесто подлегнуваат мажите. Во денешно време, таа граница е симната и сѐ повеќе луѓе во триесеттите се чувствува прегазени од времето. Најлошо е што чувствуваат како да ги напуштила енергијата за живот.
Научниците сметаат дека овие луѓе се чувствуваат така бидејќи се жртви на промените во работните односи. Тие се присилени се да работат подолги часови, а дополнителен фактор е и грижата за обезбедување доволно пари за семејството. Сето тоа ја убива нежноста, интимноста па дури и самиот разговор меѓу партнерите.
Покрај стравот да не го изгубат доброто работно место, се зголемува притисокот за унапредување на помлади години. Многу луѓе на високи позиции се сѐ помлади и голем дел од населението се чувствува поразено поради тоа.
Истражување спроведено помеѓу вработени од 35 до 44 години покажало дека дури 20% од оние кои поминуваат низ депресија и анксиозност вината ја префрлаат на партнерот. За да одбегнете кавги со партнерот, треба навреме да ги запрете лошите мисли и да поставите приоритети. Договорете се со партнерот колку време од денот ќе го поминувате заедно, и држете се на договореното.
Разговарајте секој ден, наутро додека пиете кафе или навечер пред спиење. Опкружете се со луѓето на кои можете да им верувате. Ќе избегнете многу напнатост доколку дозволите некому да ви помогне со решавање на проблемите. И запомнете, истражувањето покажало дека и на мажите и на жените им е најлошо кога партнерот не ги слуша. Затоа слушајте и делувајте. Не оставајте проблемите сами да се решат.
извор:кафепауза.мк