Се случува на секој од нас: ќе запознаеме некој и после првиот состанок не знаеме дали ќе започнеме врска, дали ќе се видиме повторно. Дали да очекуваме порака или повик, дали повторно ќе излеземе? Експертите советуваат како да ги забележите скриените сигнали пред да започнете љубовна врска.
„Нејасните сигнали всушност се замаскирани лоши сигнали“, вели брачната советничка Марни Герман и додава дека е најважно да обрнете внимание на делата, а не на зборовите.
Експертите нагласуваат дека вие не сте виновни за нејасните и лоши сигнали кои ви ги испраќа другата страна. Во најчестите случаи, вашиот потенцијален партнер има лични проблеми кои мора да ги реши сам пред да започне љубовна врска.
Понекогаш се случува да си поминете одлично на состанокот и никогаш повеќе да не ви се јави за да го повторите излегувањето.
Еден од најчестите лоши и нејасни знаци е прекинување со комуникацијата. Доколку постојано го проверувате телефонот и очекувате повик со денови, тоа е лош знак. Секако, можеби има причина поради која не ви се јавува, но ако го немате слушнато со денови, веројатно заборавил на вас.
Доколку некој ве бара само кога има потреба, тогаш треба да знаете дека личноста не е заинтересирана за сериозна љубовна врска.
„Едвај чекам да се видиме повторно, но сега немам време“, е најчестиот изговор. Важно е да знаете една работа: кога некој сака да ве види, бара време и место, а не изговори.
Редовно ги коментираат и следат вашите објави на социјалните мрежи, но не одговараат на вашите пораки и покани за излегување. Ова е лош знак кој покажува дека партнерот не е заинтересиран за сериозна врска.
Сè уште не разјаснивте дали сте пар или пријатели? Секогаш кога ќе ја отворите оваа тема, не ви одговара на пораките или исчезнува. Ако не знае што сака, подобро е да престанете да се трудите. За среќна врска се потребни двајца.
Доколку не сака да ве држи за рака во јавноста, ова е лош знак. Веројатно сака да ве држи во тајност или не планира ништо сериозно со вас.