Сексот е столбот на секоја врска, а ако ви недостасува страст во врската, еве како да го подобрите сексуалниот живот.
Истражувајте– ова не мора да го правите за време на секој секс, но секојпат кога со партнерот ќе пробате нешто ново, го зачинувате сексуалниот живот.
Хемија– ова можеби звучи како клише, но всушност е еден од најважните аспекти за одличен секс. Сексот без хемија е како да јадете леб за ручек: ќе ја задоволите желбата за храна, но не добивате некакво задоволство.
Не оптеретувајте се за неважни работи– ќе ви биде непријатно доколку дозволите да биде така. Иако може да се случи да се испушти некој звук за време на сексот, нема потреба зошто треба да се чувствувате неудобно поради тоа.
Понекогаш е добро да бидете со некој/а кој/а физички ве возбудува, иако немате исти животни цели и ставови.
Предигра– за многумина, предиграта е поважна од самиот секс. Плус, што подолго трае, толку подобар е сексот.
Природна комуникација- само што се сретнавте или имате секс со години- тоа е неважно. Треба да се потрудите да ги знаете желбите на другиот. Или се сложувате, или не.
Дали партнерот ужива– ова е особено важно, затоа што ако забележите дека партнерот е незаинтересиран во текот на чинот, тогаш и вашето расположение автоматски паѓа. Но, ако и двајцата сте ентузиастични, тогаш техниката и искуството не се толку важни.
извор: Кајгана