Сексуалните фантазии уште се табу тема, но за тоа нема потреба. Барем така тврди социјалниот психолог Џастин Лехмилер, автор на книгата „Кажете ми што сакате: Наука за сексуалните желби и како може да ви помогнат да го подобрите сексуалниот живот“.
Имено, тој направил истражување со кое опфатил повеќе од 4000 Американци, а освен на прашањето за својата личност, морале да одговорат и на прашања за својот интимен живот, како и за сексуалните фантазии. Интересно е што само 97 отсто од учесници во ова истражување признале дека имаат многу сексуални фантазии, а ова се некои од најчестите:
Секс со повеќе луѓе
Ова е една од фантазиите која повеќето луѓе не се осмелуваат да ја изговорат на глас. Иако во реалниот живот тоа не е честа појава, постојат луѓе кои го практикуваат, а оние помалку храбрите само фантазираат за него.
Чувство на контрола
Без разлика дали фантазираат за тоа тие да го имаат главниот збор во спалната соба или некој друг да ги контролира, сексот поврзан со губење или добивање чувство на контрола е еден од најчестите желби.
Желба за промена
Нова локација, нова поза или пак вклучување на сексуални играчки, можат повторно да го запалат оганот меѓу љубовниците.
Забранет секс
Луѓето за кои не треба да фантазирате или пак местата на кои не е дозволено водење љубов, се само некои од најчестите фантазии на многу луѓе.
извор: точка.мк