Ако вашиот партнер е интровертен имате проблем да ги прочитате неговите чувства.
Разбирањето и комуникацијата се важни за среќната врска, а еве што советуваат психолозите доколку сте во врска со интроверт.
Постепено „се отвараат“
Интровертните луѓе потешко се отвараат пред другите луѓе затоа што сметаат дека околината не ги разбира или погрешно го толкува нивното однесување.
Затоа им е тешко да зборуваат за она што лежи во нивната душа. Но, под нивната маска се кријат личности кои се вљубени и ранливи. Им треба време за да го отворат срцето пред партнерот.
Делата говорат повеќе од зборовите
Интровертите ќе ви изјавуваат љубов преку делата наместо со зборови. Нивните дела говорат повеќе од зборовите, а партнерите треба да ја препознаат нивната порака. Така се негуваат почитувањето и љубовта.
Помалку расправии
Тензиите, драмите и конфликтите не се добри за никого, па ниту за интровертите. На нив им е потребна топла и весела атмосфера за да го остварат личниот потенцијал.
Искреност
За разлика од екстровертите кои со зборовите го прикриваат она што навистина го мислат, интровертите секогаш се искрени. Не си играат со емоциите на партнерот за да добијат внимание. Внимателно ги бираат пријателите и партнерите, не се одмаздољубиви и се лојални.