Некои жени јавно признаваат дека се несреќно мажени, а некои не се подготвени тоа да им го признаат на партнерите, а понекогаш ниту на самите себе. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат дека жената не е среќна во бракот, а кои лесно може да ги распознаете.
1. Помалку зборува
Кога жената ќе ја намали комуникацијата со сопругот или ја сведе на минимум, тоа е знак дека нешто ја измачува.
2. Одбива секс
Жената која е несреќна во брак често ги избегнува допирите од сопругот.
3. Чува тајни
Во бракот не треба да има место за тајни, а штом се покаже дека некој нешто крие, тоа значи дека некој од партнерите е незадоволен.
4. Има нови интереси
Ако жената постојано бара нови причини за да биде што подалеку од сопругот, почнувајќи од хоби до излегување со пријателките, во бракот нешто не е во ред.
5. Размислува само за себе
Жените кои се во бракот несреќни често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат најважни, а престануваат да се грижат за желбите и потребите на партнерот.
6. Го менува изгледот
Ненадејна промена на бојата на косата, фризурата или начинот на облекување може да биде знак дека жената е несреќна во брак и дека е подготвена да сврти нова страница во животот.
7. Не обрнува внимание
Покрај слабата комуникација, кога жената ќе го изгуби интересот за сопругот, тогаш не ни може да биде среќна со него.
извор: Кајгана