Доколку ви се распалат страстите додека се возите со саканата во автомобилот, застанете некаде на половина пат и дозволете вашата сексуална возбуда да добие посебна магија. Изберете сигурна локација и ослободете ги фантазијата и сетилата. Останатото ќе си дојде самото по себе.
Еве ги најжешките и највозбудливи секс-пози за во автомобил.
1. На (со)возачкото седиште
Варијанта А: Поместете го возачкото или созвозачкото седиште назад до крај, па спуштете го потпирачот. Машкото треба да лежи, а девојката да му седне во скут со лицето кон него.
Варијанта Б: Машкото лежи како во првата варијанта, но таа седи свртена кон него со грб, а со рацете се потпира на воланот или на преградата за чување дребули.
Секако, предупредете ја да внимава на менувачот и рачната сопирачка, освен ако…
Ах, да… и доколку реши да ги крене нозете на ветробранското стакло, задолжително да ги соблече чевлите ако носи високи потпеци. За да не се случи во моментот на екстаза да дојде до несаканиот ефект наречен: „Штиклу у шофершајбна“!
2. Блиску, поблиску
Ако се одлучите за задното седиште, најпрво запознајте се со позата блиску, поблиску. За почеток, спуштете го предното седиште за да добиете што повеќе место позади. И оваа поза има две варијанти.
Во првата, машкото седи одоздола, а жената седи кај него во скут со нозете во клекната положба, додека тој е меѓу нив.
Втора варијанта е девојката да седне со грбот кон него.
3. На задното седиште
Мисионерската поза им е позната на сите – таа лежи, а тој е врз неа. Многу е веројатно оваа класична поза да не ви биде баш многу удобна на задното седиште во автомобилот, но со малку фантазија, може да биде и тоа како возбудлива.
4. Додека возите
Ова е нешто што мажите-егзибиционисти го обожаваат. Додека тој вози, таа му дава орален секс. Оваа поза не е препорачлива од две причини – безбедносната, како и заради непријатностите за девојката, а секако и за Вас, кои настануваат секогаш кога ќе наидете на дупка, отворена шахта или лежечки полицаец. Тогаш молете Бога таа подобро да има „длабоко грло“, отколку цврст загриз!
5. На хауба
Ова е пред сѐ летна секс-поза, која има многу варијанти и е многу удобна за момчињата. Таа лежи на хаубата со подигнати нозе или поставени на неговите рамена, а тој стои помеѓу нив.
Друга варијанта е таа да биде потпрена на хаубата гледајќи кон шофершајбната додека тој е зад неа. За оваа поза најмногу треба да се погрижите околу изборот на локацијата, бидејќи сепак треба да излезете надвор од автомобилот.
После оваа куса едукација, единствено ви преостанува да изберете некоја од овие возбудливи секс-пози за во автомобил, да ја поттикнете возбудата на најјако и да ги распалите вашите страсти… до балчак!
П.С. Aко сакате да практикувате секс во кола, во возилото секогаш имајте влажни шамивчиња, хартиени марамчиња или тоалетна хартија, кондоми и вода, за да можете да се освежите… по чинот на „свршувачката“!