Живот и Стил

Колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши?

Колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши?

Кога детето е пасивен пушач, се изложува на ризик од низа здравствени проблеми: астма, бронхитис, пневмонија, воспаление на ушите… Самиот дим содржи низа бројни токсични супстанци, скоро 4.000, вклучувајќи и 40 кои се потенцијално канцерогени. Постои и висока концентрација на штетните супстанци како катран и никотин, што преку димот ги вдишуваат и оние кои само се наоѓаат во иста просторија со пушачи.

Детските бели дробови, кои допрва се развиваат, се особено чувствителни на влијанието на вдишување дим и тоа од многу причини. Најпрво поради физичкиот развој, но и затоа децата имаат поголема фреквенција на дишење од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на нивната телесната тежина, што значи и вдишуваат повеќе дим.

фото:санта банта

Бебињата и малите деца кои се изложени на димот имаат зголемен ризик од појава на инфекции на системот за дишење, како што се воспаление на белите дробови и бронхитис. Исто така е зголемен и ризикот од инфекција на средното уво.

Децата кои се изложени на дим од цигари побавно растат, а тој влијае и на промена на липидниот статус, па оние што дишеле дим како помало, во адолесцентската дома имаат проблеми со нивото на добриот и лошиот холестерол, што подоцна може да им го зголеми ризикот за развивање болести на срцето.

Ако мислите дека е доволно само да отворите прозор во просторијата во која се пуши со цел да го решите проблемот – грешите! Дури и по гасењето на цигарата, остануваат траги во косата, кожата, ѕидовите, материјалите, теписите, мебелот и играчките…

извор:кафепауза.мк

To top