Мажите по сексот сакаат да спијат, а жените да зборуваат. Добро би било да се пронајде компромис, а тоа го потврдува и неодамнешното истражување кое вели дека двата пола всушност по сексот најмногу сакаат да изедат пица.
“Pillowtalk” сценариото кое се смета за идеално подразбира нежни прегратки, по некоја шега и спиење. Во било кој случај, постојат две работи кои не треба да ги изговорите по сексот, а еве кои се тие:
Дали ме сакаш?
Сосема е во ред да го прашате вашиот партнер во било кој друг дел од денот, но по сексот тоа не е идеален момент. Со тоа може да го одбиете мажот од вас. Исто така, ако ве сака, тоа најдобро ви го покажува со начинот на кој води љубов со вас. Ако една жена го прашува мажот дали ја сака веднаш по сексот, значи дека чувствува несигурност која уште повеќе ќе ја истакне со ваквото прашање.
Дали ти се допадна?
Дали навистина постои жена која мисли дека ќе добие негативен одговор на ова прашање? Дури и да не му се допаднал сексот, тој никогаш нема да ви го признае тоа, првенствено затоа што не сака да се занимава со она што следува – дискусија. Второ, како и во претходниот случај – ваквото прашање оддава доза на несигурност.
извор:точка.ком.мк