Фолк пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Веjко Пиљикиќ се многу горди и среќни, бидејќи нивниот син наполни три години.
Оваа славна двојка реши да организира гламурозна роденденска прослава за нивниот малиот Јаков.
Роденденската прослава се одржа во еден елитен ресторан, а бидејќи Сека е позната по тоа дека обожава декорирање, амбинентот изгледаше весело, колоритно, како во Дизниленд.
Додека гостите уживаа на забава, домаќините наздравуваа и се радуваа со присутните, а секако не пропуштија и да направат многу фотографии.
Патем, Сека Алексиќ моментно е во блажена состојба по втор пат и за неколку месеци ќе му подари на својот син братче кое ќе се вика Исак.