Не е голема тајна дека сексот и љубовта не мора секогаш да одат заедно. Во едниот случај се работи за чисто телесно задоволство, а во другиот за демонстрирање љубов кое е проследено со пеперутки во стомакот. Чистиот секс е себичен, а љубовта не е, па тука се крие и главната разлика меѓу овие два вида секс.
Ви презентираме 8 карактеристики според кои сексот од љубов и сексот без љубов меѓусебно се разликуваат.
1. По чистиот секс, можете само да си ја земете облеката и да си заминете. Кога се работи за љубов, сакате да останете да се галите со партнерот. Размената на нежности по сексуалниот чин се смета за љубов.
2. Ако се работи за љубов, можете да бидете онакви какви што сте, без глумење и поставување кочници. При обичниот секс пак, немате потреба целосно да се отворате. За разлика од тоа, пред личноста која ни се допаѓа и ја сакаме, немаме тајни и срамови.
3. Кога се работи за страст, се разочарувате ако не ги исполните најголемите сексуални желби, но кога е љубов во прашање, сеедно ви е. Заљубени сте, па пред сѐ копнеете по блискост.
4. Чистиот секс подразбира себичност, а во љубовта нема простор за ова. Обичната телесна страст служи како цел за постигнување на сопствените сексуални цели. Во љубовта е поинаку – водиме сметка за чувствата на другиот. Воедно, не ви е сеедно ако партнерот не постигнал оргазам. За разлика од тоа, кај сексот без љубов сеедно ви е, важно е вие да се задоволите.
5. Кај љубовта имате потреба да правите заеднички планови, кај чистиот секс се работи само за освојување – во љубовта нема конкуренција и нема потреба ниту простор за хранење на сопственото его.
6. Љубовта инспирира, чистиот секс само ве прави погладни. Големите љубовни дела и песни од целиот свет не настанале после секс за една вечер.
7. Чистата страст е краткотрајна, љубовта надживува сѐ. После страсната авантура едноставно одите понатаму. Но, штом доживеете љубов, долго ќе ги паметите тие неповторливи чувства.
8. Сексот е како еден вид вежбање, љубовта не е. При среќавањето со партнерот за секс, сметате дека тоа ви е добра вежба за со следниот. Кога се работи за љубов, мислите само на моменталниот партнер и се гледате само вие двајца во иднината.
извор:кафепауза.мк