Кога сте помлади имате повеќе предрасуди кон експериментирањето и практикувањето на различни видови секс, што е и нормално.
Како што станувате постари сфаќате дека станувате сè поотворени и подготвени сте да пробате повеќе работи и веќе имате идеја што ви се допаѓа, а што не.
Оралниот секс важи за еден од најпопопуларните видови на секс, но тоа не значи дека по секоја цена морате да бидете во тренд ако не ви се допаѓа овој вид на секс. Не мора да се вклопите во толпата само за да бидете како сите други. Сосема е нормално на некои луѓе да не им се допаѓа чувството кое им го дава оралниот секс, но и чувството кога некого орално задоволуваат.
Нема ништо погрешно во тоа доколку не сакате да го практикувате оралниот секс. Бидете горди на тоа дека знаете што му одговара на вашето тело, а што не. Оралниот секс важи за најинтимниот вид на секс кој бара пред самиот чин доверба во личноста која ви го дава или на која ѝ го давате.
Доколку не го сакате оралниот секс, тоа е во ред и воопшто не треба да се почувствувате поразлични од останатите поради тоа.
Тоа би требало да му го ставите до знаење и на вашиот партнер доколку тој инсистира на тоа. Објаснете му зошто не ви се допаѓа оралниот секс. На крајот, не им дозволувајте на другите да го менуваат вашето мислење за нешто што и самите сте го искусиле. Вие самите најдобро знаете што ви се допаѓа, а што не.
извор: Курир.мк