Аца Лукас жестоко се скара со Јелена Карлеуша и Лепа Брена, па деновиве преку медиумите жестоко удри по пејачките, а сега истакна дека секогаш ќе се кара со оној кој го напаѓа.
„Немаше да зборувам на таа тема, ние бевме многу добри. На снимања ќе се скаравме, па ќе се смиревме. Таа често се обидува да удри на мене. Не може прва да удира по мене, јас никогаш не ударам прв, но се бранам кога некој ќе ме нападне“ објасни Лукас за кавгата со Јелена.
„Јелена е таква каква што е. Тоа беше некој роденден на кој таа не беше поканета. Нападна деца, а јас ги бранам сите деца“ додава Лукас и проговори за кавгата со Лепа Брена.
„Мене ми е жал и се извинувам на лошите зборови. Не ми беше намера таа тоа да го види или слушне. Имавме приватно недоразбирање. Знам дека сум во право, се работи за зборови кои ги кажала на едно место. Тоа е приватна кавга. Сепак, ја чекав една година да се појави на снимања дека јас тоа го знам и дека не е во ред, но таа не се појавуваше на снимања. Помина уште една година, јас тоа не го заборавив. Јас дојдов на концертот на Ушче и кога требаше да излезам од просторијата каде што бевме сместени, таа настапуваше, а обезбедувањето ми кажа: „Немој, Ацо, те молам. Ацо, ќе имаме проблеми, не излегувај бидејќи таа тука ќе помине“ вели Лукас и проговори за кариерата на Брена.
„Кариерата на Брена е најдобра, таа убедливо е најголемата ѕвезда на овие простори и мене ми често што имав прилика да се дружам со таква ѕвезда. Но, зборувам за приватни работи. Не сум љубоморен на нејзината кариера, но се дружев со нејзината фамилија и можем да кажам дека таа е: „Најголема ѕвезда на сите времиња на Балканот и најлош човек кој го запознав“ вели Лукас.
За потсетување, по прозивките на Аца Лукас, се огласи и Лепа Брена истакнувајќи дека не ја допираат коментарите на другите.