Елеонора Мустафовска или по ново Малиша, односно единствената посвоена ќерка на сега починатата кралица на ромската музика Есма Реџеповска, заплови во брачните води.
Таа неодамна му го вети своето срце на своето момче, сега веќе сопруг, а направиле и голема свадба во еден од скопските хотели.
Сепак, онаа што најмногу и недостасувала на невестата била мама Есма.
-Оние невести чии мајки не доживеале да ги видат во венчаница знаат точно за што зборувам и можат да претпостават како ми беше за време на свадбата. Имаме еден стар адет, кога мајката на невестата е почината, пред свадба се оди на гробишта, па и јас заминав на вечното почивалиште на мојата мајка, да ја поканам да биде духовно со мене присутна на тој важен ден, открива Малиша за Фокус.
Како што открива Малиша, по брачните завети планот на младиот брачен пар е да живеат заедно во Брисел каде што работи сопругот во организација за човечки ресурси.
Инаку, деновиве во медиумите се појавија информации дека Малиша ќе биде една од учесничките во реалното шоу „Задруга 3“, а дали наредната година ќе го избере Белград или брачниот живот во Брисел, останува да видиме вечерва по стартот на популарното регионално шоу.
Малиша засега беше мистериозна по прашањата дали ќе учествува во шоуто на Жељко Митровиќ, но го потенцираше фактот дека ваквите ријалити програми се добар пат до популарноста.
Таа неодамна ја издаде својата втора песна „Аморсито“ која е во модерен латино ритам и е отпеана на српски јазик.
View this post on Instagram
Dragi moji, “Amorcito” je online ? Jedva čekam da čujem vaše utiske! Uživajte ❤️ #amorcito