Кога љубовта е во прашање, многумина имаат еден куп правила кои во суштина само одмагаат, а често се обидуваат да ги промовираат и тврдат дека секоја модерна жена треба да ги следи тие правила. Жените мораат да престанат да ги слушаат!
„Немој да бидеш премногу достапна“
Со други зборови, преправај се дека немаш време за него. Модерните жени не мораат да глумат дека немаат време, затоа што и навистина го немаат, па сосема е нормално на дечкото да му кажете кога сте слободни, а кога не сте и да бидете отворени.
„Лажи дека немаш време да се видите“
Дали мислите дека е добро со лаги да започнете една врска? Ние мислиме дека не е добро.
„Чекај да ти се јави, не се јавувај ти прва.“
Ова е уште едно застарено правило кое треба да се напушти. Ако сакаш да се слушнеш со него, јави му се прва. Ако тој сакал да те чуе, ќе му биде драго што ти текнало да се јавиш.
„Глуми дека не се замараш.“
Ладниот пристап можеби функционира во филмовите или пали кај незрелите мажи, но нормалните мажи сакаат да знаат кога жената е заинтересирана.
„Биди мистериозна“
Ако не работите за некоја разузнавачка служба, ова нема никаква смисла. Ако на некој дечко навистина му се допаѓате, тој ќе сака подобро да ве запознае и ако тој вам ви се допаѓа, навистина нема потреба да криете работи.
извор: курир.мк