Ако имате дилема дали партнерот е заљубен во вас, само му се допаѓате или во вас гледа пријател, обрнете внимание каде ве бакнува – советува експертот за врски, д-р Дејвид Бенет.
Бидејќи, не е сеедно каде “завршуваат“ бакнежите – тој наведува неколку најчести места, а секако, тие не се само француски бакнеж.
Во образ
“Ако човекот со кого сте во врска најчесто ве бакнува во образ, можеби не е ниту во сексуална, ниту во романтична смисла заинтересиран за вас“, вели д-р Бенет. Но, ако овие бакнежи не се единствени, тогаш се сладок мал потсетник дека партнерот ве сака.
На чело
Ова е знак дека помеѓу вас постои голема блискост и дека на партнерот сте му привлечни и драги во исто време. Банежот во чело е и начин другата страна да искаже заштитнички став и поддршка.
По врат
Ако партнерот ве бакнува по врататот, значи дека се обидува да ве доведе во искушение да покажете дека сте ранливи. Тоа истовремено е и силна ерогена зона, па нормално е овој бакнеж да ве возбудува.
На стомак
Понекој бакнеж на стомакот, значи дека партнерот е сосема опуштен, чувствува силна блискост, но и сексуално го привлекувате. Мала е веројатноста дека ако ве бакне на стомак – сте му само минлива авантура.
По целото тело
„Тоа покажува дека многу го привлекувате партнерот и дека е исклучително заинтересиран за вас“, објаснува експертот за врски. Сака да бидете интимни и да го истражи секој детаљ од вашето тело. Звучи совршено, зарем не?
извор:точка.ком.мк