Многу често кога жените зборуваат меѓу себе за килограмите, може да се слушне синтагмата „не јадам, ми се фаќа и од вода“.
Секако дека ова не е точно и секако дека за вишокот килограми придонесува и вашиот апетит. Но, не и само тоа.
Со текот на годините метаболизмот станува побавен, а после триесеттата година најчесто стануваме помрзеливи, седењето ни е главна активност, а движењето сведено на минимум.
Но, она што најчесто подразбираме под метаболизам всушност се три различни фази на согорување на калориите што ги внесувате во телото, а во зависност од она што го правиме. Кога јадеме согоруваме мал број калории, поточно одвај 10% од вкупно согорените калории во текот на денот и тоа е всушност првата фаза.
„Зелениот чај и лутите пиперки нема да ви помогнат да ги отстраните вишокот килограми. Некои намирници можеби ќе успеат да предизвикаат мало забрзување на вашиот метаболизам, но тоа нема да биде доволно за да влијае на вашата тежина“, се вели во воведот на медицинската енциклопедија АДАМ на Националниот институт за здравје.
Жените после 30-тата немаат толку време за себе и за активности што ќе предизвикаат побрзо согорување на масти. Стресот исто така знае да го забави метаболизмот.
Грешка што исто така ја прават жените после 30-тата е што се одлучуваат за популарни диети, кои се краткотрајни.
За да ги согориме побрзо, потребно е да се движиме. Но, тоа не подразбира само вежбање во сала, бидејќи тогаш повеќе работите на мускулите, кои пак влијаат само до 25 проценти од севкупниот метаболизам.
Многу подобро е секој ден минимум половина час да пешачите. Тоа е најдобриот тренинг за метаболизмот.
извор:точка.ком.мк