Љубов и Секс

Што предизвикува избегнувањето на интимност?

Што предизвикува избегнувањето на интимност?

Избегнувате интимност поради некоја причина? Едноставно се наоѓате во таков период и на некој начин дури и без намера избегнувате да бидете интимни. Не е ништо страшно бидејќи секому може да му се случи ова во одреден период од животот. Прочитајте во продолжение за да дознаете што се случува кога интимноста под чаршафите недостига.

Научниците од Универзитет во Флорида откриле дека недостатокот на интимност под чаршафите може да ги направи луѓето депресивни.

Според резултатите од најновите истражувања, луѓето кои подолго време не биле интимни стануваат нерасположени, а после одреден период лесно можат да потпаднат во депресија. Но, тоа не е единствениот проблем.

Се претпоставува дека недостатокот на интимност може да влијае и на намалување на концентрацијата и неизвршување на работните обврски како и зголемено ниво на стрес односно чувство на потешкотии.

Како што интимноста влијае и на нивото на различни хормони во организмот, недостаток на акција може да се одрази и на проблеми поврзани со спиењето. Освен тоа, психолозите тврдат дека поради редовната интимност со партнерот луѓето се чувствуваат многу задоволно од самите себе, а нејзиниот недостаток може да влијае врз нарушување на самодовербата. Одредени истражувања покажале и дека редовното водење љубов е поврзано со здравјето на срцето.

извор:кафепауза.мк

To top