Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста дека се разведува македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана.
Потоа, по веста за разводот се појавија вести дека Коки се вратил на својота поранешна љубов со која била четири години во врска пред бракот со Росана.
Ова информација тогаш ја потврди и Коки кој истакна дека е точно дека се разведува.
„Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.
Тој не ги откри деталите за разводот ниту пак не сакаше многу да зборува за тоа.
Естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека наводно Коки повторно е во брачна заедница со својата стара љубов, но тој овие написи не ги коментираше.
Како и да е, по овој турбулентен период од приватниот живот, Коки одлучи да се опушти и да ги наполни батериите.
Тој го искористи слободно време и летниот период за да замине на одмор со својата ќерка Лара.
Коки на својот „Фејсбук“ објави фотографија со ќеркичката.
Во описот на фотографијата каде што е сам на плажа напиша:
„На топло место без сеќавања….почни да живееш или почни да умираш“ напиша Коки.
За потсетување, Коки и Росана беа 10 години во брак, а заедно ја имаат ќерката Лара.