Љубов и Секс

Четири одлични секс-пози за после одмор

Четири одлични секс-пози за после одмор

Тоа што годишниот одмор ви заврши, или не ви ни почнал, не значи дека вашиот сексуален живот треба да страда. За да го зачините сексуалниот живот, експериментирајте со пози, места, соби во домот…

Ви носиме неколку интересни идеи за секс по дома.

Лежечки ножички

Оваа поза звучи многу потешка отколку што е. Мошне е едноставна, а вашето сексуално задоволство ќе го доведе до максимум, и за вас и за вашата партнерка. Вашата партнерка нека легне со грбот на масата со своите нозе на вашите рамена, а потоа нека ги вкрсти нозете како ножица, така што спротивната нога треба да биде на спротивното рамо. На тој начин таа ќе има максимална клиторична стимулација.

Ѕиркање

Легнете ја на грб на масата со задникот истакнат нанадвор. Држете ѝ ги нозе, а нејзините стапала нека бидат на вашите рамена. Нејзините нозе не мора да бидат целосно исправени, но држете ја цврсто за таа да не падне кога ќе почне пенетрацијата. Ова е одлична поза бидејќи можете да гледате сѐ што ќе посакате.

Едноставна кучешка поза

Вашата девојка нека застане пред масата и нека се наведне така што масата ќе дојде на нејзината горна половина. Потоа фатете ја за колковите или половина, раширете ѝ ги нозете. Ова е одлична поза за вагинален оргазам или за анален секс.

Количка

Оваа поза е малку потешка, но верувајте ќе се исплати напорот што сте го вложиле. Наместете ја вашата девојка да легне на стомак на масата, а нејзиниот задник и нозе да висат. Земете ги нејзините нозе и ставете ги околу вашата половина исто како количка.

извор: република

To top