Љубов и Секс

4-те облици на неверство кои не вклучуваат физички однос – дали и тие се неопростливи?

4-те облици на неверство кои не вклучуваат физички однос – дали и тие се неопростливи?

Неверството доаѓа во различни облици и не мора да биде исклучително физичкo. Секако, најпопуларниот облик на неверство вклучува сексуален однос со личност надвор од врската, но неверството и прељубата за различни луѓе имаат и различни значења – она што некој го смета за невино и тоа како може да биде штетно за врската.

Постојат неколку облици на неверство кои немаат никаква врска со секс, а кои би можеле да ве доведат до конфликт со вашиот партнер.

Емоционално неверство
Емоционалните афери се опасни бидејќи не секогаш се најочигледни. Ваквиот облик на неверство вклучува доверување на чувствата и емоциите на некој друг наместо на партнерот. Потпората и утехата треба да ја бараме во својот моментален партнер, а не во некој надвор од вашата врска.

Онлајн неверство
Дали го признавате тоа или не, факт е дека социјалните мрежи владеат со светот. Секојдневниот живот се состои од нив и затоа многу е лесно да започнете невин флерт со некој ваш следбеник на социјалните мрежи или апликации. Дури и ако мислите дека сето тоа е забавно и опуштено, би требало да знаете дека некои луѓе го сметаат тоа за неверство – само на нова платформа.

Романтично неверство
Од сите облици на неверство, ова е, покрај физичкото, едно од најлошите облици. Кога нечиј партнер бил физички активен со некој друг, на изневерената страна ѝ е полесно кога знае дека тоа било само момент на слабост кој не вклучувал никакви емоции. Меѓутоа, кога еден од партнерите ќе се впушти во романтичен, емотивен однос, тогаш врската станува нестабилна бидејќи постојат чувства кон некој друг што може само да значи крај на моменталниот однос.

Неверство со објект
Неверство со објект претставува вид на неверство кое не вклучува друга личност туку некој објект – хоби, работа, проект, интерес или нешто друго. Станува збор за компромитирање на квалитетот на односот помеѓу партнерите и времето кое го поминуваат заедно. Секако дека е пожелно, а и здраво, секој од партнерите да има живот надвор од врската, но сепак таа треба да биде приоритет. Ниту една врска не може да опстои ако не ѝ се посвети доволно време и труд.

извор:точка.ком.мк

To top