Емотивното уништување во врската може да остави многу поголеми последици и од физичкото, затоа што од таквата врска е невозможно да побегнете.
Ако сте збунети и не можете со сигурност да одредите дали вашиот партнер емотивно ве злоставува, следните 8 знаци ќе ви ги отворат очите.
1. Чести промени на расположението
Во еден момент е внимателен, а веќе во следниот почнува да вика затоа што нешто не му одговарало. Честите промени на расположението укажуваат на личност која фрустрациите ги празни на другите. А, врската со постојани изливи нема големи шанси да опстане.
2. Изолација
Ако се обиде да ви го ограничи било кој контакт со пријателите или семејството затоа што мисли дека премногу ви се мешаат во врската, време е да се раздвоите.
3. Љубомора
Емотивно насилниот партнер не е љубоморен само на вашите пријатели и родители. Тој е љубоморен на вашите сонови, амбиции и зацртани цели. Го лути и помислата дека не зависите од него.
4. Ве прави нервозни
Емотивниот насилник на сите начини ќе се обиде да ве направи нервозни и немирни. Ако покрај него чувствувате било каков немир, веќе немате што да барате од таа врска.
5. Константно ве омаловажува
Што и да направите – од него немате поддршка. Ништо никогаш не е доволно добро и правилно.
6. Мислите повеќе на тоа како се чувствува тој, наместо вие
Нема ништо лошо во тоа да сакате да го усреќите партнерот. Но, ако за возврат го добивате спротивното, време е да си ги преиспитате вашите емоции и чувства.
7. Се чувствувате беспомошно
Во ваквите случаи чувството на беспомошност е заедничко за сите. Партнерот се обидува да ги контролира сите аспекти од вашиот живот, вклучувајќи ги пораките, трошоците и пријателите со кои го поминувате слободното време. Во првиот момент кога ќе се почувствувате како затвореник, немате за што да размислувате.
8. Убедени сте дека проблемот е во вас
После сите обвинувања и кавги, верувате дека проблемот е во вас? Време е да исчезнете од неговиот живот. Не подлегнувајте на ваквата манипулаторска тактика.
извор: Курир.мк