Сите ние го правиме ова понекогаш – по раскинување на долгата врска, ќе се впуштиме во таканаречената „врска за закрепнување“ со првата личност што ќе ни се допадне. Од друга страна, никој не сака да биде првата личност што ќе ви се допадне. Покрај тоа, ваквите врски најчесто се осудени на пропаст, бидејќи едата личност е сè уште огорчена од онаа претходната, долга врска. Ова се знаците според кои ќе можете да заклучите дека токму вие сте врска за закрепнување …
1. Инсистира дека ова меѓу вас не е сериозно.
2. Очигледно, тој не ја заборавил својата последна врска/девојка.
3. Постојано ја спомнува, иако и во негативен контекст.
4. Или пак целосно одбива да зборува за тоа.
5. Не сака да се отвори емоционално.
6. Имате чувство дека ве искористува за секс.
7. Добивате „измешани сигнали“ од него.
8. Ви изгледа како сè да се одвива премногу брзо.
извор:попара.мк