Оргазмот е значаен дел од сексуалниот живот и сите посакуваат „големото О“ да биде кулминација на секој сексуален однос.
Машките во тој поглед се поголеми среќници и не се соочуваат со проблеми на патот кон врвното задоволство. Од друга страна, жените поретко го доживуваат ова ослободување на сексуалната енергија кое резултира со незаборавно експлозивно уживање. Можеби токму поради тоа што се случува поретко, женскиот оргазам е помистериозен и привлекува повеќе внимание.
За да доживеете силен оргазам кој ќе го растрепери целото ваше тело од глава до петици, потребно е целосно да се опуштите, да се забавувате и да уживате со вашиот партнер како никогаш досега. Еве и неколку совети кои ќе ви помогнат да ја загреете атмосферата во спалната до максимум.
- Пронајдете ја позата што најмногу ви одговара. Сигурно веќе знаете дека позата има големо значење на патот кон достигнувањето на оргазам. Но, тоа не значи да земете Кама Сутра и да ги практикувате сите пози. Поврзете се со вашето тело и концентрирајте се на она што го чувствувате. Секоја поза носи различен степен на задоволство. Тоа што го чувствувате кога сте во кучешка поза се разликува од чувството кое се појавува додека сте во мисионерска. Дознајте која поза ве носи побрзо до „врвот“. Многу жени веднаш ја зголемуваат сексуалната тензија кога се врз партнерот. Чувството на доминантност и можноста клиторисот да се стимулира од неговата срамна коска дава предност. Ако практикувате мисионерска поза, ставете перница под вашиот задник.
- Изберете соодветна положба за вашите нозе. Изборот на позата е многу важен, но исто толку важно е во каква положба се вашите нозе, затоа што нивната положба директно влијае на тоа дали ќе постигнете оргазам или не. Некои жени побрзо достигнуваат оргазам ако ги држат нозете целосно раширени, а други – ако ги држат стегнати. Експериментирајте за да дознаете која е идеалната положба за вас.
- Одложувајте го врвното задоволство. Ова е популарен трик за поинтензивен оргазам. Кога ќе почувствувате дека сте блиску до оргазам, забавете ја сексуалната активност и стимулацијата. Потоа, повторно забрзајте и пред целосно да му се препуштите на задоволството, повторно забавете. Повторете го тоа неколку пати пред да доживеете оргазам. Нема да зажалите.
- Допирајте се. Самиот секс може да не е доволен за да ви донесе оргазам. Голем дел од жените имаат потреба и од стимулација на клиторисот, а не само вагинална стимулација. Затоа, не се срамете да ја пуштите вашата рака меѓу нозете за да ја зголемите возбудата. Доколку не сте доволно опуштени за да го направите тоа, побарајте од вашиот партнер да ви го стимулира клиторисот. Не мора дури ни да зборувате, едноставно земете ја неговата рака и дајте му инструкции.
- Не дозволувајте партнерот да ги занемари вашите гради. Дали знаете дека постојат жени кои можат да достигнат оргазам само со стимулација на градите? Се разбира, ваквите жени се ретки, но ова е доволен доказ дека градите се ерогена зона која не треба да биде игнорирана ако сакате оргазам што ќе ве однесе на седмо небо.
- Глумете поголема сексуална возбуда. Последните истражувања покажаа дека дури 90% од жените глумат оргазам со цел да му ја зголемат самодовербата на својот партнер или пак да го подобрат нивниот „настап“ во креветот. Секако, за да доживеете оргазам, не треба да глумите дека сте го постигнале. Но, ако глумите дека чувствувате голема возбуда и дека сте блиску до оргазам, тогаш навистина вашата возбуда ќе порасне. Вашите воздишки можат да ја зголемат и неговата и вашата возбуда и резултатот да биде неверојатен интензивен оргазам.
- Фантазирајте заедно на глас. Започнете да си раскажувате приказна во чие создавање ќе учествувате и двајцата. На пример, замислете си дека сте на одмор, дека имате секс на плажа и и сликовито опишувајте на глас што сакате да правите. Дозволено е сè што може да ја зголеми сексуалната енергија меѓу вас.
- Зацврстете ги мускулите „таму долу“. Оргазмот предизвикува контракции на мускулите во областа на вагината. Докажано е дека вежбањето на тие мускули може да помогне за постигање на поинтензивен оргазам.Кегеловите вежби се идеален начин да ги вежбате мускулите и да си го подобрите сексуалниот живот.