Постојат среќни и здрави врски, но и оние кои се нездрави и токсични. Но, како да знаете дали вашата врска ќе трае и дали ви претстои заедничка иднина?
Експертите за врска веруваат дека тајната се крие во овие 7 знаци.
Предизвикот за вас е можност
Секоја врска проаѓа низ подеми и падови и за заедно да опстоите, а вашата врска уште повеќе да зајакне, потребно е да надминете разни предизвици.
Наместо да се отповарувате со проблеми, подобро размислете какви можности ви пружа вашата врска и што можете да создадете од неа.
Во вашата врска нема љубомора
Ако партнерите меѓусебно се натпреваруваат и односот им се заснова на љубомора, тогаш таквата врска не е здрава. Паровите кои се среќни во својата врска имаат квалитетен однос – тие се поддржуваат и се поттикнуваат еден со друг, си помагаат и си пружаат меѓусебна сила.
Не сте робови на традицијата
Посветувањето внимание на вредностите кои и на двајцата ви се битни и оставање простор за создавање на заеднички традиции е уште еден сегмент кој води кон заедничка иднина.
Не дозволувате минатото да ви ја наруши сегашноста
Минатото оставете го таму каде што и припаѓа – во минатото. Таа тактика ја совладале среќните парови кои не дозволуваат такво нешто да им ја наруши сегашноста и иднината.
Гледате љубов околу себе
Поради брзиот начин на живот, многу парови ја губат од вид љубовта и радоста која ги опкружува. Затоа, секојдневно одвојувајте малку време за себе за да ги препознаете тие позитивни емоции.
Комуникацијата е нужна
Свесни сте дека врската нема да успее ако не ги адресирате своите проблеми. Комуницирајте меѓусебно и не ги таложете негативните емоции во себе.
Знаете дека љубовта не е бајка
Животот носи подеми и падови со кои не е лесно да се справите. Но, важно е да запомните дека не е сè совршено.
извор: точка.мк