Секој од партнерите има колеги и пријатели со кои е во контакт секој ден. Тука нема ништо лошо. Погрешниот момент настапува кога вие им се доверувате ним за проблемите во врската
Романтична и љубовна врска бара комплетна предаденост на двајцата партнери и пред се искреност.
Како и да е, покрај најдобрите намери, луѓето знаат често пати да го повредат човекот што го сакаат. Тоа значи дека дури и да не го изневерите со друга личност, вие можете тоа да го сторите несвесно преку други постапки, ненамерно.
1.Кога лажете
Правилото е дека треба да бидете искрени со партнерот цело време. Но, има периоди кога мора да излажете заради хармонијата и мирот во врската. Иако лажењето не е потребно цело време, важно е да знаете кој ви бил мотивот во моментот кога сте излажале. Ако лажете заради тоа што правите нешто погрешно за кое партнерот не би се согласил, запрете веднаш оти работите веќе тргнале во погрешна насока.
2.Кога флертувате со некого
Без разлика дали се работи за колега, пријател од факултет кој не сте го виделе долго време или друга личност која сте ја сретнале, не е во ред ако ви се допаѓа/допаѓал(а) во минатото. Можеби изгледа наивно и безболно, но секогаш може да премине во нешто друго.
3.Кога имате ‘тајна врска’
Секој од партнерите има колеги и пријатели со кои е во контакт секој ден. Тука нема ништо лошо. Погрешниот момент настапува кога вие им се доверувате ним за проблемите во врската и на тој начин создавате нова, тајна врска за која не знае партнерот. Не го правете тоа, за се што треба прво со него/неа, па со сите останати.
4.Кога се жалите на партнерот пред сите
Ова е уште полоша ситуација од претходната. Не бирате на кого зборувате, тука кога има публика вие почнувате да се жалите на партнерот. Тоа реално не само што создава лоша слика за него, туку и врз вас’фрла’лошо светло. Кога работите ќе се подобрат ќе ви биде жал дека сте каѓале толку приватни работи пред други луѓе.
5.Кога го критикувате партнерот во јавност
Кога сте некаде заедно излезени, вие имате навика да превртувате со очите ако направи некоја работа што вам не ви се допаѓа, да кажете гласно, дури и да подвикнете ако има поголема тензија. Што и да правите, како и да критикувате, знајте дека тоа ќе го повреди иако во тој момент нема да ви реагира.
6.Кога поминувате повеќе време со другите
Да поминувте време со други луѓе во теот на работната недела е сосема во ред. Но во деновите кога сте слободни, посветете се на партнерот и каѓете си се што сте испуштиле изминатата недела. Погрешно е ако решите викендот да го поминете со пријателите, на дневни кафиња и вечерни пијачки.
7.Кога сте себични
Да, има моменти кога треба да се ставите себеси на прво место. Но немојте тоа д го правите постојано. Ако сте лути и намерно сакате да изгледате себични, подобро кажете му на партнерот отколку да се измачувте и двајцата со нелогично однесување.
Ова е доказ дека партнерите можат да се зиневеруваат постојано, а притоа да не биде со други луѓе. Врската е кревка и има потреба да се внимава на неа за да може љубовта да расте. Во спортивно, ако постојано одите во спротивна насока од партнерот, зошто тогаш воопшто сте во врска?
извор: Курир.мк