Машките психопати можат да бидат исклучително шармантни за да ја привлечат жената.
Ќе зборуваме за мажите психопати. Можеби ќе речете дека ова е груб израз, и дека во денешно време веќе се користат поблаги варијанти, како што е „нарушување на личноста“ но дефинитивно може да се каже дека психопатијата е на граница помеѓу патолошката и здравата состојба на психата.
Мажите психопати се многу интересни за жените. Бидејќи овие луѓе можат да бидат многу шармантни, романтични, оригинални, образовани и интелигентни, тие често можат да ја изненадат жената со некаков бестрашен чин.
Првите знаци на психопатија, жените ги толкуваат како излив на голема љубов.
Еве како да препознаете психопат во 6 чекори:
Првиот знак е преголема самодоверба. Тие секогаш се убедени дека се во право.
Вториот знак е патолошко лажење.
Третиот знак е различното претставување во јавноста (тој прикажува едно лице на работа, а дома сосема поинакво).
Четвртиот чекор е љубомората.
Петата точка е заканувањето. Внатрешниот свет на мажите психопати е исполнет со борби, закани и насилство.
Шестата точка е неможноста да ја контролира агресијата. Тој скоро секогаш избувнува и не може да се сопре.
Многу жени кои се во врска или во брак со таков човек на крајот стануваат жртви. Стравувајќи од таа личност, тие со години остануваат со нив. Стравот ги парализира и поради тоа не можат да го прекинат односот со таквата личност. Тие живеат во еден маѓепсан круг од страв, страдања и закани.
автор:Антонина Велјановска/кафепауза.мк