Сексот е навистина многу важен и голем дел од нашиот живот. Добриот сексуален живот значи и среќен и исполнет живот во речиси сите останати полиња.
Иако самите веројатно знаете дали вашиот сексуален живот е добар или не, сепак овие знаци можат да ви дадат дополнителна потврда на она што веќе го знаете.
1. Вие сте главна советничка на своите пријателки
Секогаш кога им треба секси совет или нова идеја за подгревање на атмосферата во спалната соба, вашите пријателки прво ви се обраќаат вам. Да добиевте денар за секој пат кога ви се јавуваа за совет, сега ќе бевте богати.
2. Секси долен веш
Вашата колекција од секси градници и гаќички е толку голема, што вашиот сакан нема да ве види во иста комбинација барем во наредните месец дена.
3. Играчки
Додатоците се важни, како и во модата така и во креветот. Ако имате повеќе играчки отколку ташни, се е јасно.
4. Пози
Ако вашите пријателки ве гледаат чудно додека им опишувате одредени пози, тоа значи дека веројатно не ни знаеле дека тие се изводливи, а вие веќе сте ги испробале сите.
5. Утрински секс
Кај вас тоа не е исклучок, туку правило.
6. Мастурбација
Вашиот сакан не е тука за викендот? Вие знаете како да се забавувате и сами.