За жал, кога некој глуми жртва ретко го добива она што вистински го посакува. Во продолжение прочитајте ги знаците кои ќе ви укажат дека одредена личност изигрува жртва.
1. Тие не преземаат одговорност
Нарцисоидните личности никогаш не сакаат да преземат одговорност, бидејќи тоа го нарушува нивниот имиџ за совршенство, што претставува обид да ги скријат сопствените грешки.
2. Тие се обидуваат да ви ја префрлат вината
Тие ќе направат сè за да не преземат одговорност за сопствените грешки или недостатоци. Кога првпат ќе сретнете нарцисиодна личност, забележете дали ги обвинува другите луѓе. Имајте на ум и дека ако тие можат да направат да се чувствувате виновни, тогаш ќе им биде полесно да ве контролираат и да го добијат она што го посакуваат од вас. Сепак, не заборавајте дека не сте одговорни за чувствата на другите луѓе, а уште помалку за нивните постапки и зборови.
3. Тие често се обидуваат да ве натераат да направите нешто за да им ја олесните болката
Сепак, дури и ако успеете во тоа, тие нема да ги ценат вашите напори бидејќи за нив најважно е вниманието. Освен тоа, тие не се грижат за вашите успеси и достигнувања бидејќи единственото нешто што ги интересира е сопствениот успех.
4. Тие се фокусирани само на нивните проблеми и ги минимизираат или игнорираат вашите потреби и чувства
Она што тие го сакаат е вашето внимание и сочувство.
5. Тие се манипулатори
Забележете ги суптилното смирување и како тие вешто избегнуваат да одговараат на прашањата за нивното однесување и ви ја префрлаат одговорноста за проблемите.
Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк