Љубов и Секс

5 знаци дека во љубовната врска се однесувате како мајка, а не како рамноправен партнер

5 знаци дека во љубовната врска се однесувате како мајка, а не како рамноправен партнер

Врската е рамноправно партнерство на двајца луѓе, но проблемот настанува кога тој баланс ќе се наруши.

Целосно е нормална желбата да се грижите за саканата личност, но не смеете да дозволите грижите да станат опсесија и да се претворите во родител.

Знаци кои укажуваат дека во врската се однесувате како родител, а не како партнер се следни:

1. Кавги без решение
Кавгите се составен дел од врските, но не смеат да станат безуспешни. Секогаш треба целта да биде да пронајдете решение кое е добро и за двајцата. Кога ќе останете без решение, тогаш тоа е лош знак.

2. Чистење по партнерот
Сите ние сме доволно возрасни и способни да се грижиме сами за себе, па нема потреба постојано да одите и да чистите по некого. Многу подобро ќе биде доколку ги поделите домашните обврски и дoколку уживате во истите.

3. Создавање оправдувања
Сакате саканата личност да ја видите во вистинско светло и секогаш да биде најдобра, но тоа не значи дека нема право некогаш да биле малку полоша и да не ги оправда вашите очекувања. Доколку неговото лошо однесување постојано го оправдувате тоа е знак дека се однесувате како мајка.

4. Целосно контролирање
Не можете сè да држите под контрола, така што доколку сакате во секој момент сè да знаете, тоа води до пропаст. Мора да му дозволите на партнерот некои од одлуките да ги носи самостојно.

5. Постојано приговарање
Никој не сака да слуша постојано приговарање и постојано незадоволство. Тоа не е посакувано во ниту еден однос, а особено не во врската. Ќе се претворите во здодевна личност на која ништо не ѝ одговара, а така и ќе ја завршите врската во која се однесувате како родител.

извор:точка.ком.мк

To top