Интимноста која ја стекнуваат паровите со текот на годините, често знае да донесе и недостиг на ентузијазам во сексот.
Чувството дека немате чест секс или не е доволно возбудлив не значи дека сте престанале да се сакате.
Можеби ви е потребна нова енергија.
Ова се 6 совети кои треба да ги примените:
1. Ослободете ја енергијата на своето тело на поинаков начин.
Започнете со часови по танц или јога. Кога ќе научите како да стапите во контакт со своето тело, така ќе успеете и да го доживеете поинаку телото на партнерот.
2. Активирајте го нивото на допамин во своето тело.
Испробајте нова активност со партнерот. Нешто што во исто време ќе ве исплаши, но и ќе ве возбуди. Секс на некое забрането место? Зошто да не.
3. Разговарајте отворено за тоа што сакате да го правите за време на сексот.
Што ви е убаво, што ве возбудува. Можеби сакате „дрзок разговор“ за време на сексот, безобразно шепотење, малку „садо мазо“ – споделете, немате што да изгубите.
4. Изгледајте порно филм заедно.
Сигурни сме дека ќе добиете нови идеи и дополнителна возбуда.
5. Самозадоволување пред партнерот е исто така дозволено и повеќе од пожелно!
Запомнете, сексот е едно од најголемите задоволства кои ни се дадени бесплатно во животот. Грев е да не го уживате секојдневно.