Љубов и Секс

5 типови на токсична љубов кои се глорифицираат на екранот

5 типови на токсична љубов кои се глорифицираат на екранот

Сите се сеќаваат на големите љубовни приказни кои ни го одземаа здивот во кино салата. Од „When Harry Met Sally“ до „Casablanca“, Холивуд отсекогаш сакал приказни за двајца луѓе кои ја наоѓаат својата сродна душа во непријатни или тешки околности.

Но, работите не одат секогаш така.

Иако психолозите се почесто предупредуваат за штетноста на пропагандата „си живееле среќно до крајот на животот“ и „принцот на бел коњ“, се чини дека се занемарува и другата страна на паричката. Имено, некои филмови избираат да ја промовираат потемната страна на романтиката – токсичните, насилни врски кои се претставени како „кул“ или дури и како „љубов на векот“.

А кои се љубовните врски кои големиот екран ги прослави преку глобалната пропаганда, а кои всушност се сосема погрешни?

1. „Gone Girl“

Ако зборуваме за љубовни трилери, можеме слободно да кажеме дека овој филм ја одбележа последната деценија.

Бен Афлек и Розамунд Пајк играат брачна двојка која запаѓа во рутински живот во мало гратче, а аферата на ликот на Бен ќе го чини повеќе од неговиот живот.

Имено, тој е лажно обвинет, прогонуван, гонет, речиси доведен до лудило и на крај осуден на доживотен затвор со истата жена која му го наместила сето тоа.

Иако сите сакаат добар заплет, овој крај изгледа на погрешен начин пропагира „жена над маж“; го наметнува ставот дека изневерувањето бара сурова одмазда – што женскиот свет немилосрдно го прифати во тие години.

2. „Twilight“

Книгите, а потоа и филмските адаптации на приказната за стогодишниот вампир кој се вљубува во тинејџерката Бела, ги освоија сите генерации.

Иако приказната за мистичните суштества, вампирите и врколаците е многу привлечна и интересна за гледање, се чини дека никој не размислувал двапати дали е природно стогодишен вампир да се заљуби во средношколка која е подготвена да умре за него. Буквално, не метафорично.

Малку модерна, научно-фантастична верзија на „Ромео и Јулија“; пораката за пожртвуваност за љубовта никогаш не е здрава и поучна, особено кога е наменета за младите генерации во развој.

3. „Basic Instinct“

Најпопуларниот акционен филм од деведесеттите, кој е исполнет со моќна глума на Шерон Стоун и незаборавни сцени, носи и токсична порака.

Ликот на Кетрин Трамел, кој го игра фаталната холивудска дива, е претставен како психопат и потенцијален сериски убиец.

Детективот Ник, кој го игра Мајкл Даглас, на крајот останува со Кетрин – иако таа е неговиот главен осомничен.

4. „How to Lose a Guy in 10 Days“

Една од најпопуларните комедии од почетокот на 2000-тите на прв поглед изгледа многу комично и наивно. Освен што не е.

Одличната глума на Кејт Хадсон и Метју Меконахи не успеа да го ублажи фактот дека оваа приказна пропагира манипулации, лаги и стандардни клишеа за машко-женските односи.

5. „Beauty and the Beast“

Посебно загрижува фактот дека ова не е само филм, туку и цртан филм на Дизни со кој растат девојките.

Младата Бела, која се вљубува во својот „киднапер“, е вистински пример за Стокхолмски синдром.

фото:shutterstock

To top