Љубов и Секс

5-те најчести лаги што жените им ги кажуваат на своите партнери

5-те најчести лаги што жените им ги кажуваат на своите партнери

Веројатно понекогаш ви се случува да му го кажете на партнерот она што вам ви одговара. Се разбира, најчесто тоа го правите од љубов и бидејќи не сакате да го повредите или да се расправате со партнерот. Но, понекогаш се случува да ги излажеме саканите без воопшто да бидеме свесни за тоа. Па, во овие ситуации се поставува прашањето дали ова може да се смета за лажење? Или пак станува збор за нешто сосема различно, за разлика од ситуациите кога намерно ја прикривате вистината. Без разлика кој е одговорот, во продолжение погледнете ги најчестите вакви лаги што жените им ги кажуваат на своите партнери.

1. „Па така и реков“
Ова се случува кога партнерот ќе сфати дека не му ја кажувате вистината. Имено, можеби навистина сте го мислеле тоа кога сте го кажале, но ретко кога ова одговара со вистината.

2. „Сè е во ред. Ако не беше ќе ти кажев“
Сигурно ви е позната оваа лага. Дали вашата доверба во партнерот е толку голема што би му се отвориле буквално за сè? Можеби вашите пријателки ќе ви докажат дека не е така.

3. „Не сум љубоморна“
Јасно е дека љубомората значи слабост и несигурност, а сигурно не сакате да ве гледаат како такви. Поради ова, никогаш не сакате ни самите да си признаете дека сте љубоморни, не па на вашиот партнер. Сепак, речиси секој човек кој е вистински вљубен ќе почувствува љубомора, односно ќе забележи кога партнерот му обрнува внимание на некој друг. Поради тоа, оваа реченица речиси секогаш е лага.

4. „Засекогаш ќе те сакам“
Можеби можете да одлучите дали ќе сакате некого целиот ваш живот, но не можете да ја предвидите иднината. Никогаш не знаете што може да се случи што би ги променило вашите чувства кон партнерот.

5. „Во ред е, заборави“
Изгледа дека простувањето никогаш не е толку едноставно. Можете да се обидете да простите некому, но секогаш како да останува некоја горчина. Секоја навреда и секоја расправа оставаат траги кои често можат да ве мачат. Ова не треба да биде нешто големо, видливо или трауматично, но сепак не е толку едноставно да се заборави.

извор:кафепауза.мк

To top