Љубов и Секс

5 секс пози кои може да го заменат едночасовниот физички тренинг

5 секс пози кои може да го заменат едночасовниот физички тренинг

Сексот може навистина да ве измори, а со тоа и да ви помогне да согорите неколку калории.

Па ако денес ве мрзи да одите на вежбање, зошто да не го замените тренингот со секс во пози кои ќе ве изморат добро и ќе ви ги зајакнат мускулите?

Погледнете ги секс позите кои можат да бидат замена за тренинг – колку подолго траат, толку поголем ефект ќе имаат:

Кралица

Момчето нека легне на грб со раширени нозе, а вие седнете врз него.

Потоа испружете ја десната или левата нога назад.

Оваа „вежба“ нуди одлична стимулација на клиторисот, но и ги активира мускулите на нозете.

Мост

За оваа поза ќе треба да бидете малку поиздржливи.

Легнете на грб, свиткајте ги колената и поставете ги нозете во ширина на рамената.

Застанете во положба на мост и дозволете му на партнерот да си „игра“ со неговите прсти или, ако сте расположени за експериментирање, со вибратор.

Мачка

Ставете неколку перници и партнерот нека легне врз нив на грб. Застанете на колена, така што главата на партнерот ќе биде помеѓу вашите нозе.

Уште подобро е ако се навалите кон напред и се држите за лактите.

Оваа поза е одлична за мускулите на вашиот грб.

Кучешка

Овојпат станува збор за „doggy“ поза, но со мала модификација – наместо на дланките, потпирајте се само на вашите лакти.

Обидете се да го држите грбот исправен и сигурно ќе го почувствувате активирањето на мускулите.

Столче

Оваа варијација на позата „каубојка“ е вистински тренинг.

Обидете се да не се држите со рацете или само потпирајте се минимално и не седнувајте целосно на партнерот. Всушност, вашата задача е да правите чучнувања.

Можеби на почетокот ќе ви биде малку тешко, но ако ја усовршите позата, повеќе нема да ви требаат други вежби за нозе.

извор: попара.мк

To top