Заблагодарувањето значи да бидете слободни и ви дава моќ да се ослободите од постојаното размислување за врската и да продолжите напред. Исто така, тоа може да ви помогне да погледнете назад на претходните врски и да извлечете нешто позитивно од тие искуства. Можеби мислите дека не вреди повторно да размислувате за вашите претходни врски, но тие ви помогнаа да станете личноста којашто сте сега.
Дури и да го мразите секој дел од врската, сигурно можете да најдете причини што ве направиле да бидете тоа што сте денес. Поради тоа, треба да му бидете благодарни на поранешниот партнер за тие искуства.
1. Заблагодарете му се што се грижел за вас
За врска се потребни двајца. Можеби треба да направите еден чекор назад и да сфатите дека вашиот поранешен партнер е исто така личност. Има чувства, емоции и прави грешки исто како што ќе прави и следниот. Без разлика дали врската била лоша или добра, треба да бидете свесни за фактот дека тој се грижел за вас.
2. Бидете благодарни што ве натерал да бидете свесни за целата поддршка што ве опкружува
По раскинувањето, ништо нема да ви ги отвори очите колку личностите што се покрај вас за да ве утешат. Тие ќе ви даваат совети, ќе ви ги бришат солзите и ќе направат да се чувствувате како да не сте сами во светот. Вие навистина ќе ги цените повеќе тие личности кога ќе сфатите дека се тука за да ви подадат рака кога ќе паднете.
3. Заблагодарете се за целото искуство во врската
Сега сте повеќе подготвени за вашата следна врска. Направивте грешки и научивте нешто од нив. Сега уште повеќе знаете што треба да барате во следниот партнер.
4. Бидете благодарни за сè што ве научил
Бидете благодарни за вештините што сте ги научиле, на пример како подобро да комуницирате и внимателно да слушате или како не треба да реагирате за време на расправија. Сега сте подобра личност затоа што научивте основни вештини не само за да се справите во романтична врска, туку и со многу други луѓе во животот.
5. Бидете благодарни за спомените
Спомените се дел од вашиот живот. Вие ги создадовте заедно со таа личност и тие треба да бидат негувани затоа што кога ќе погледнете назад, на нив ќе гледате поинаку отколку што сте гледале во минатото.
извор: kafepauza.mk