Љубов и Секс

5 работи кои никогаш нема да ги направите ако навистина го сакате партнерот

5 работи кои никогаш нема да ги направите ако навистина го сакате партнерот

Љубовта не е само чувство, таа е и начин на кој се однесуваме. Ако навистина сакаме некоја личност, има некои работи кои едноставно нема да ги правиме.

Кои се тие работи? Подолу има листа на пет работи кои не треба да се случуваат во ниту една врска или брак доколку навистина го сакате партнерот.

Криете нешто од него
Овде, се разбира, не зборуваме за ситници, туку за важни информации кои, доколку се сокријат, може да доведат до нарушување на довербата штом ќе се откријат.

Кога луѓето се сакаат, важно е да споделуваат добри и лоши работи едни со други.

Ги споделувате тајните на вашиот партнер
Партнерот ви доверил нешто многу интимно затоа што се чувствува безбедно со вас, а вие сте ја искористиле првата прилика да го искоментирате тоа со вашата пријателка? Кога некој ги споделува своите најдлабоки мисли, чувства и тајни со вас, тие го прават тоа затоа што веруваат дека ќе ги задржите за себе. Ако не можете да го направите ова, размислете дали навистина ја сакате личноста со која сте во брак или во врска. Личните тајни не се споделуваат дури и по раскинувањето. Ако сакате да зборувате за таа тајна, ако нешто ве мачи, разговарајте со партнерот.

Покажувате изразено непочитување
Сите ние сме мрзливи од време на време, сите грешиме и ’се истураме’ на луѓето кои најмногу ги сакаме. Сепак, изразеното непочитување не е нешто што треба да и го покажеме на другата страна. Љубовта и почитта доаѓаат во пакет.

Постојано занемарување и/или игнорирање на партнерот
Постојаното занемарување на партнерот е знак дека е време да ја преиспитате љубовта што ја чувствувате. Затоа што спротивно на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.

Ако веќе не ви е гајле што другата страна мисли, чувствува или му треба – имате проблем и време е да размислите за вашите чувства.

Покажувате непочитување кон неговото семејство
Да го сакате семејството на вашиот партнер не е секогаш лесна задача, но иако љубовта може да биде тешка, непочитувањето сепак не е прифатлива опција.

Вашиот дечко или сопруг го сака своето семејство, кое од вас по правило заслужува барем малку почит.

извор:попара.мк

To top