Љубов и Секс

5 прашања за сексот кои го мачат секој маж

5 прашања за сексот кои го мачат секој маж

Мажите признаваат дека не знаат за што размислуваат жените во текот на сексот, но сакаат да мислат дека се насочени на нивните љубовни вештини. Исто така сакаат да мислат дека способоста да ја задоволат жената им е природна дарба.

Сепак постојат прашања кои им се вртат во умот дури и на оние самоуверените кога станува збор за тоа што преферира понежниот пол во креветот, но не се осмелуваат да прашаат.

Затоа, внимателно читајте ги одговорите од кои и дамите можат многу да научат.

Дали е големината навистина важна?
Мажите, ова вечно прашање секогаш ќе го постават без разлика колку и да ги уверувале дека големината не е пресудна, бидејќи без добра техника ни најголемиот полов орган не може да доведе до задоволство. За напомена, сексот за жената може да биде болен ако пенисот е преголем, а од друга страна, кого може да задоволи премал?

Дали е важно траењето на односот?
Во желбата сексот да не трае прекратко, мажите понекогаш се служат со мали трикови па во текот на односот размислуваат за нешто сосема трето. Но, тоа може да делува сексот да трае предолго и да се загуби возбудата. Значи, траењето на односот е важно, а за жената да биде задоволна, односот во просек треба да трае 15 – 20 минути.

Дали предиграта е преценета или потценета?
Повеќето жени ја сакаат предиграта. Но, таа не подразбира само бакнување, галење или слично. „Загревањето“ за секс може да се смета и начинот на кој мажот зборува, претходните состаноци и времето поминато заедно пред сексот.

Меѓутоа, некогаш и брзиот спонтан секс како оној на кујнската маса, е страстен како и сексот со предигра. Значи, примарната разлика не е во тоа дали сексот со предигра е подобар од оној без предигра, туку дали е поинаков.

Дали е жената незадоволна ако не доживее оргазам?
Попрво би можело да се каже дека жената се чувствува изневерена ако партнерот не и овозможи оргазам. Сепак, тоа е главниот показател дека на мажот му значи партнерката.

На жените им е важен оргазмот исто како и на мажите, единствената разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во пределот на интимните органи ако се возбудат, а не го доживеат.

Дали оралниот секс е подобар од обичниот?
Мажите обожуваат партнерката орално да ги задоволи и за тоа многу повеќе разговараат отколку за обичниот секс. Затоа ги чуди кога жената не сака орален секс, дури и кога партнерот се труди.

На жените треба да им се даде време самите да одлучат кога е вистинскиот момент за тоа. Во некои случаи оралниот секс би можел да се опише како пријател кој ретко излегува, но кога ќе излезе забавата е одлична и загарантирана.

извор:попара.мк

To top