Добриот секс не паѓа од небо, неможете да го доживеете ако малку не се потрудите. Се што правиме, мислиме, јадеме, чуствуваме и памтиме влијае на сексот на добар или лош начин.
Погледнете ги овие 5 најдобри и најлоши работи кои можете да ги направите во вашиот сесуален живот.
Добра петорка
1. Се што го потикнува окситокцин-от (хормон за среќа) е добро. Тој влијае на нервниот систем да реагира на вистинскиот допир или идеата за допир. Затоа љубење, мазење, насмевки, комплименти, нежни допири – влијае на сексуалното расположение
2. Оптимално вежбајте, особено жените кои тешко доживуваат оргазам. Преголемиот или премалиот тренинг може лошо да влијае на сексуалниот живот.
3.Чоколадо, во вашата уста или мисли. Докажано е дека се работи само за placebo ефект, но мала заслуга за добро расположение кое чоколадото го потикнува не е на одмет, има и природен стимуланс кој доаѓа од какаото.
4. Промена. Стимулантите во мозокот се активираат кога одиме на нови места, пробуваме нови вкусови, нови звуци и мириси. Затоа сексот секогаш е подобар на одмор одколку дома.
5. Не заборавајте на еволуцијата: нагонот за репродукција секогаш ги поттикнува двајцата љубовници
Лоша петорка
1. Алкохол и дрога: алкохолот е голема замка. Прво ќе ве опушти а пота ќе ве онеспособи за било каков секс па и за уживање во него. Екстазите исто така лошо влијаат на сексот, а особено на појакиот пол бидејќи спидот предизвикува неможност за ерекција кај 40% од мажите.
2. Премногу или премалку храна го убива либидото.
3. Тешка порнографија – за жени
4. Расеаност – за жени. За разлика од мажите кои кога еднаш се спремни за секс ништо немоше да ги прекине, жените лесно го тргнуваат вниманието на други работи (плачот на бебето, ѕвонењето на телефонот)
5. Голем стрес за пари и работа, особено за мажите кои имаат проблем со ерекција кога не е добра ситуацијата на работа.
Ако постои некое општо правило – тогаш тоа е дека размислувањето “преголемото и пребрзото” може да го уништи вашето сексуално здравје.
Добри вести: мозокот, секоја клетка во нашето тело, нашите мисли и емоции – можат се да променат. Сексот е чудо од хемија.