Сите знаеме дека љубовта е едно неверојатно, прекрасно чувство. Еден од најубавите начини да ја почувствуваме магијата на животот е да бидеме вљубени. Сепак, психолозите откриле дека љубовта е многу посложена отколку што веруваме, а ова се дел од фактите за љубовта кои сигурно ќе ви се чинат изненадувачки.
1. Љубовта е сложена
Она за кое верувате дека се должи како резултат на љубовната магија, всушност е комбинација од страст, привлечност и приврзаност која може да доведе до различни емоции почнувајќи од задоволство па сè до болка. Според истражувачите, хормоните серотонин, допамин и адреналин контролираат кого нè привлекува преку регулирање на нашето однесување во мозокот, придонесувајќи да се чувствуваме возбудено. Мозочните хемикалии или невропептиди како окситоцин и вазопресин од друга страна, ја регулираат нашата врска со друго лице.
2. Љубовта може да го намали апетитот
Сте се запрашале ли зошто понекогаш пеперутките во стомакот ве тераат да заборавите на секакво чувство на глад? Факт е дека кога сте заљубени не се чувствувате гладни како вообичаено. За време на фазата на привлечност, во мозокот се ослободуваат во големи количини хормонот на среќата или допамин, хормонот на љубовта или окситоцин и хормонот на стрес норепинефрин. Овие хормони го потиснуваат вашиот апетит и придонесуваат да се чувствувате еуфорично и мрзеливо. Тоа понекогаш може да резултира и со губење на тежината и несоница.
3. Љубовта е зависност
Научниците покажале дека љубовта може да биде позитивна зависност. Според едно истражување од 2016 година, симптомите на раната фаза на интензивна, романтична љубов како еуфорија, желба, зависност, повлекување, се слични со симптомите на зависност од дрога. За среќа, овие симптоми исчезнуваат како што напредува љубовната врска.
4. Љубовната болка може да биде вистинска
Не можете да се однесувате нормално секогаш кога ви недостига партнерот? Кога сте вљубени, се зголемува нивото на хормонот на стресот кортизол кој од друга страна може да доведе до занемарување на имунитетот. Истражувања покажале исто така дека партнерите можат да си влијаат еден на друг во поглед на менталното и физичкото здравје, па така здравствените проблеми на едниот можат да влијаат врз целокупната благосостојба на другиот.
5. Љубовта е лек
Дали знаевте дека интензивното чувство на страсна љубов може да помогне при ублажувањето на болката? Љубовта може да ја зголеми или намали нашата перцепција за болка во зависност од нашата индивидуална психолошка регулација на чувствата. Љубовта е поврзана со функционалната врска на мозокот и помага да се контролира болката.
извор: кафепауза.мк