Љубов и Секс

5 болести кои ги лекува сексот: Го зајакнува имунитетот за дури 30%

5 болести кои ги лекува сексот: Го зајакнува имунитетот за дури 30%

Сексот е природна потреба на секој човек, но тој не служи само за забава и репродукција – сексот може да ви помогне да ублажите дури 5 тегоби или болести.

Еве 5 дополнителни причини зошто уште повеќе треба да уживате во интимните односи:

Алергии

Верувале или не, сексот може да ги ублажи алергиите и симптомите на астма. Пред сè, тој го елиминира стресот (како и грижите и анксиозноста кои се честа причина за овие тегоби). Исто така, ја полни крвта со кислород и го зголемува снабдувањето со крв на респираторните органи, што го олеснува дишењето и ги ублажува симптомите.

Стрес и младоликост

Научниците од Универзитетската кралска болница во Шкотска ги проучувале навиките и здравјето на 3.500 луѓе на возраст од 18 до 102 години и заклучиле дека луѓето кои имаат редовен секс (барем еднаш неделно) изгледаат и се чувствуваат многу помлади. Работата е во тоа што сексот помага да се неутрализираат несаканите ефекти од стресот и го подобрува квалитетот на спиењето – два фактори кои најмногу влијаат на забрзаното стареење.

Слаб имунитет

Доколку сакате да го зајакнете имунитетот за дури 30%, сè што треба да направите е да имате секс двапати неделно. Тајната е во тоа што сексот го зголемува нивото на имуноглобулин А, кој е одговорен за способноста на телото да се спротивстави на болестите. Покрај тоа, истражувањата ја потврдуваат врската помеѓу редовниот секс и намалениот ризик од појава на мозочен удар, срцеви заболувања, некои видови рак, па дури и вируси.

Вишок килограми

Не е дека сексот може да го замени вежбањето, но со 20-минутен секс ќе потрошите дури 96 калории.

Болка

Мигрена, болки во зглобовите, менструални болки – сексот ги намалува сите овие симптоми.

извор: точка.мк

To top