Радио Милева Случајно исти ?

Прија ја ископира Карлеуша: Александра се појави во комплет кој Јелена го носеше минатата година (фото)

Прија ја ископира Карлеуша: Александра се појави во комплет кој Јелена го носеше минатата година (фото)

На Јелена Карлеуша веројатно нема да и се допадне кога ќе види дека нејзината помлада колешка Александра Пријовиќ ја ископирала на нејзиниот концерт во Ниш и дека носела црна тантела комбинација која дивата ја носеше уште во август 2022 година.

Иако Прија неодамна доби само пофалби за скапиот стајлинг на актуелната турнеја „Од исток до запад“, се чини дека нејзиниот тим и таа останале без фантазија, па биле инспирирани од една од комбинациите на Карлеуша.

Оваа комбинација „мала од скандала“ ја носеше минатото лето на еден свој настап, а се работи за комплет на познатиот француски бренд „Сен Лоран“ – боди со тантелни ракавици чија цена е 2.290 евра и хулахопки од истиот материјал, 1.790 евра.

За да биде барем малку поразлична од нејзината постара колешка, тимот на Прија ја облече пејачката во црно боди и кожен ремен „Alexander McQueen“ од 1.690 евра над овој тантелен сет, додека Јелена беше малку „послободна“, па носеше само црна долна облека под проѕирниот материјал која откриваше повеќе од колку што покриваше, а со тоа и ременот кој ја истакна нејзината половина.

Карлеуша досега речиси секогаш можевме да ја видиме во предизвикувачки комбинации, додека Пријовиќ ретко носи ваква облека, па многумина беа изненадени што таа се реши на овој чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Да потсетиме, Јелена е позната по тоа што не ги штеди колегите кога се во прашање критиките, а покрај тоа што постигна голем успех за своите години, Александра неодамна и беше мета на критики. Како што рече тогаш, музиката што ја изведува Прија е треш и звучи како да е од 2001 година.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Милета Мирчетиќ/Никола Томиќ

To top