Заљубувањето не е тешко, но чувањето и одржувањето на љубовта е малку покомплицирано. Луѓето често забораваат на важните работи за опстанок на врската, карактеризирајќи ги како тривијалности и занемарувајќи дека тие се суштински за среќна врска.
Романтиката е исто толку важна за среќна, исполнета и страсна врска. Сепак, постојат некои важни работи кои ќе ви помогнат да одржите или изградите здрава и среќна љубовна врска.
Одвојте време за себе секој ден
Секој ден поминувате квалитетно време со себе, за да направите нешто што го сакате, можеби читате книга, се бањате, поминувате време во природа, медитирате, пишувате дневник…Направете листа на работи кои ве прават среќни и кои обожавате да ги правите, па свесно и систематски одвојте време за себе секој ден. Запишете го сето тоа во календар и држете се до планот колку што можете повеќе.Тоа време поминато во активности кои сакате сами да ги правите ќе ве исполни со позитивна енергија и чувство на задоволство, а тоа е одлично за среќна љубовна врска. Ако сте среќни, ќе биде среќен и вашиот партнер.
Дајте му до знаење на вашиот партнер дека повремено ви требаат 30 до 60 минути дневно кои сакате да ги поминете сами. На тој начин партнерот ќе знае дека поради некоја причина не го избегнувате и ќе ве поддржи во тоа. Исто така, кажете му да одвои време за себе, ако треба.
Одвојувањето време за себе е еден од најздравите начини на кои можете да ја одржите љубовната врска стабилна и среќна, без разлика колку тоа може да изгледа контрадикторно.
Вежбајте активно слушање
Активното слушање значи дека и вие и вашиот партнер сте свесни еден за друг и слушате што зборува другата страна без мешање. За тоа одвојте време во текот на денот, наутро со кафе или навечер кога ќе си легнете. Важно е тогаш ништо да не ви пречи – без телефон, ТВ …Активното слушање е најдобриот подарок што можете да го дадете и примите.
Најпрво, бидете пријатели
Пријателството со партнерот треба да ви биде приоритет бидејќи ќе ви биде полесно и поуспешно да ги пребродите тешките времиња. Не е важно само да сакате некого, важно е и да ви се допаѓате како личност, исто како на почетокот на врската.
извор:popara.mk