Љубов и Секс

3 ситуации кога на мажот му е дозволено да ја излаже жената – дури е и пожелно!

3 ситуации кога на мажот му е дозволено да ја излаже жената – дури е и пожелно!

Колкумина од вас денеска ја излажаа саканата личност? Не лажете се себеси, согледајте ја реално ситуацијата и признајте…

Познато е дека сите ние секојдневно лажеме. Не мора тоа да бидат големи лаги, но оние малите, со најдобра намера на сите често нѝ се случуваат.

Генерално, сите треба да се воздржиме од лаги од било кој вид. На крајот на краиштата, колку повеќе лажеме, толку потешко нѝ е да запаметиме што и кого сме излажале. Навиката за лажење, под било кои околности, е многу лоша навика, која не би требало да стане пракса.

Меѓутоа, на мажите им е дозволено да ја излажат својата сопруга во овие три ситуации!

1. Кога сопругата изгледа ужасно, мажот секогаш треба да ѝ каже дека е убава .

Можеби во последно време поради стресот добила некоја брчка, пет килограми вишок… Можеби поради неспиење има подочници, бушава коса и лошо расположение… Можеби поради бременоста отекла и е нервозна… Но, тоа воопшто не е важно. Важно е едно: без оглед како изгледа, обврска на секој маж е на својата сопруга да ѝ каже дека е убава.

Секако не сте слепи и совршено добро знаете дека имала и подобри денови, но ваша одговорност како личност која ја сакате е да ѝ кажете дека е убава.

И бидејќи не е ‘будала’ и совршено знае како изгледа, таа после ова ќе го знае и следново: дека вие навистина ја сакате, бидејќи сте подготвени за нејзината среќа да излажете.

2. Кога и сама знае дека нема да стигне да ја заврши работата, но сопругот мора да ѝ каже дека сигурно ќе успее!

Ако мажот ја сака својата жена, неговата најголема желба ќе биде таа да го постигне сето она што си го зацртала – дури и ако тоа не се реални соништа. Ова можеби е најинтересната и најемотивната карактеристика на љубовта

3. Кога ќе ѝ кажете дека ја сакате повеќе од вашиот живот.

Сакајте ја вашата сопруга, не само затоа што е таква каква што е, туку и затоа што може да стане многу повеќе од тоа. Бидете нејзина поддршка и таа ќе стане подобра, попаметна и посилна. Поддршката е најубавиот подарок кој може да го добие од вас.

извор:супермен/точка.ком.мк

To top