Љубов и Секс

3 сигурни знаци дека жената ужива во сексот со својот партнер

3 сигурни знаци дека жената ужива во сексот со својот партнер

Сексот е важен сегмент во секоја врска, но овој интимен чин го доживува својот врв дури тогаш кога и двајцата партнери максимално уживаат во него.

3 сигурни знаци дека сексот со вашиот партнер е одличен:

1. Во текот на сексот не ви е гајле како изгледате
Водењето љубов е страстен момент во текот на кој за да уживате максимално целосно треба да сте препуштени на чувствата.

Во тие моменти не ви е важно како изгледате, каква ви е фризурата или пак дали ви се гледа целулитот.

2. На партнерот може да му кажете точно што сакате
Сексот е многу индивидуална работа, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа совршен секс гарантира искрената комуникација меѓу партнерите.

3. По сексот се чувствувате опуштено и среќно
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачењето на хормонот на среќа и задоволство. Но, тоа се однесува само на страсниот секс во кој уживате.

Доколку по сексот не можете да ја тргнете насмевката од вашето лице, чувствувате како срцето ви чука, знајте дека сексот бил совршен.

извор:точка.ком.мк

To top