Секс поза „лажичка“: Ова е најнежната поза за сите кои патат од болки во грбот. Комфорна е, релаксирачка и може да се изведува полека и со многу внимание.
Како расте бројот на свеќички на роденденската торта, така сè повеќе луѓе имаат проблеми со болки во грбот.
Сепак, тоа не смее да ви застане на патот на сексуалното уживање.
И за вакви ситуации постојат секс пози кои се соодветни и не само што нема да ви ја зголемат болката, туку може и да ве релаксираат и да ви ја намалат.
Секс пози за сите кои имаат болки во грбот:
Кучешка поза
Кога сте потпрени на сите 4 екстремитети, тоа е многу здраво за вашиот грб.
Грбот е релативно исправен во оваа поза, па со тоа што сте потпрени на дланките и колениците тргате дел од товарот врз него.
Лажичка
Ова е најнежната поза за сите кои патат од болки во грбот. Комфорна е, релаксирачка и може да се изведува полека и со многу внимание.
Лотус
Оваа поза е покомфорна од што мислите. Седите со лице кон партнерот, го имате обвиено со раце и нозе и вие прилагодувате колку и како се движите.