Љубов и Секс

3 разбирливи причини зошто вашиот партнер се оддалечил од вас

3 разбирливи причини зошто вашиот партнер се оддалечил од вас

Поголемиот дел од времето вашиот партнер е внимателен и грижлив. Но, оваа недела, тој ви делува расеано, зафатено и далечно. Немојте веднаш да кревате паника и да го замислувате вашето раскинување. Нормално е да се оддалечите малку со текот на времето, особено кога станува збор за долга и сериозна врска. Ова се 3-те разбирливи причини зошто вашиот партнер се оддалечил од вас…

 

1. Одлично му оди на работа

Без разлика дали вашиот партнер добил унапредување, работи на голем проект или се чувствува возбудено поради неговата работа, можеби мислите дека вашата врска повеќе не е негов приоритет. Доколку тој ви објаснил за што станува збор, не треба да се грижите. Неговата потреба да поминува повеќе време во канцеларија наместо да гледа „Црно огледало“ (Black Mirror) со вас на каучот е само привремена. Најпаметното нешто што можете да го направите е да бидете трпеливи и да го поддржите додека не се врати сѐ во нормала. Немојте да избрзувате и да ги изгледате сите епизоди сами. Ќе ви биде дупло поинтересно ако почекате и ја гледате серијата заедно.

2. Западнал во рутина

Ова им се случува дури и на најдобрите врски. Сѐ ви оди како „подмачкано“ веќе неколку месеци и покрај малата караница за оставеното ѓубре пред врата, вашиот однос е прекрасен. Кога вашиот партнер се чувствува толку сигурно, неговото внимание може да се пренасочи на односите во неговиот живот што не се толку сјајни, како на пример, врската со неговата напорна мајка или со неспособниот шеф. Најверојатно тој нема други љубовни интереси, но не може цело време да бидете ѕвезда на шоуто. Дали тој ве „откачил“ или задоцнил 2 часа на љубовниот состанок? Во тој случај, дефинитивно треба да разговарате. Но, дали бил расеан и заборавил да ве бакне кога си дошол дома од работа? Смеете да прогледате низ прсти за вакви ситници.

3. Одвојува време за неговите пријатели

Паровите во филмовите и книгите ја поминуваат секоја секунда заедно, но во реалноста, треба да имате посебни друштва и интереси. Па така, доколку вашиот партнер почнал да се занимава со нов спорт или решил да излезе сам со неговото друштво, не лутете се поради тоа што не сте биле поканети. Тоа е знак дека имате силна, здрава и сигурна врска. Освен тоа, ова значи дека можете да го поминете целиот викенд со вашите пријателки.

извор:кафепауза.мк

To top