Љубов и Секс

3 лекции за љубовта кои жените мораат да ги научат

3 лекции за љубовта кои жените мораат да ги научат

Дали некогаш ви се случило да ги доведете во прашање вашата вредност или вашата самопочит, а притоа сте биле заљубени? Постојат неколку лекции што жените мора да ги научат за љубовта, а оние кои имаат тенденција да ги игнорираат се соочуваат со ризикот да бидат повредени и тажни.

Ако вие самите не се сакате, нема да ве сака ниту партнерот

Многумина сметаат дека само доколку стапат во врска и се поврзат со другата личност ќе дознаат кои се тие самите. Тоа е погрешно размислување. Доколку знаете кои сте, кои се вашите верувања и вредности, што е тоа што ви значи тогаш ќе зрачите со самодоверба и ќе можете да ја привлечете личноста што ве заслужува.

Обидот за наметнување може да заврши лошо

Најлошо нешто што може да го направи една жена е да се „прилепи“ за партнерот. Причините за наметнување можат да бидат разноразни, но најчесто се јавуваат како резултат на љубомора, несигурност, страв од непознатото и посесивност. Затоа е важно да бидете свои, искрени и да бидете сигурни во чувствата на партнерот кон вас.

Не е крај на светот ако раскинете

Ова е нешто кое многумина не можат да го прифатат со оглед на тоа дека светот функционира само како „место за парови“ и дека фактот да се биде сам е речиси неприфатлив. Прекрасно е да се доживуваат убави моменти заедно со личноста што ни значи, но да бидете покрај само поради тоа што сметате дека не можете да бидете сами не е воопшто прекрасно. Затоа, размислете дали сакате да бидете со некој кој не ве сака и не ве почитува. Размислете дали тоа нема да ви предизвикува болка секој ден… Одговорот е сосема јасен.

извор:курир.мк

To top